Здружение за Естетска Медицина

Ве покануваме да се придружите на ова здружение и активно да придонесете, преку различни нивоа на членство, за развојот на естетската и анти-age медицина во Македонија

5ти Интернационален SESIAM Конгрес

5th International SESIAM Congress
На ден 13.02.2021 год во кругот на Медицински Факултет Скопје се состанаа неколку ентузијасти специјалисти кои работат во областа на етсетската медицина (естетската хирургија и естетска дерматологија) со идеја да се основа здружение кое ќе ги штити интересите на овие специјалисти, како и безбедноста на пациентите.

Врз основа на законот за здруженија и фондации (Службен весник на Република Северна Македонија бр.52/10, 135/11,55/16) се донесе статутот и решението за формирање на Здружението за Естетска Медицина -ЗЕМ Скопје. Членовите од основачкото собрание се во ставка Основачки Одбор кој всушност е и Управен, а За прв Претседател е именуван Науч.сораб. Д-р Игор Пеев, а за секретар на здружението Д-р Анџелка Илиева.

Здружението за Естетска Медицина е доброволна невладина граѓанска организација која има својство на правно лице кое ги обединува сите активности на членовите, органите и телата во интерес на остварување на своите права со статутарно уредување и чијашто работа е јавна.

Ве покануваме да се придружите на ова здружение и активно да придонесете преку различни нивоа на членство за да придонесете за развојот на естетската и анти-аge медицина во Maкедонија.

Мисија

Да станеме лидери во областа на едукација и иновации во естетската и анти-age медицина. Да дејствуваме врз менталното и физичко здравје на луѓето преку најквалитетно образование и едукации. ЗЕМ ќе ги поврзе заинтересираните колеги со цел понатамошно образование, размена на искуства, развој и унапредување во професијата. Организирање бројни симпозиуми во соработка со меѓународни организации поврзани со медицинската професија кои се занимаваат со естетика, медицина со посебен интерес за нехируршка и минимално инвазивна естетика на лицето и телото, како и развојот на медицинската професија и здравствената заштита воопшто.

Ве покануваме да се придружите на ова здружение и активно да придонесете преку различни нивоа на членство за да придонесете за развојот на естетската и анти-аge медицина во Maкедонија.

Zdruzenie za Estetska Medicina - ZEM

Визија

Една од нашите главни визии е имплементирање на квалитетна здравствена услуга од доменот на естетиката од страна на квалификуван стручен кадар - дипломирани лекари кои практикуваат во јасно пропишани здравствени установи.

Вмрежување на сите лекари кои работат со оваа област со цел поддршка и полесно решавање на евентуланите компликации.

Што е Anti-Age медицина?

Во медицински процедури од областа на естетската и anti-age медицина спаѓаат:

Zdruzenie za Estetska Medicina - ZEM
Zdruzenie za Estetska Medicina - ZEM

Горенаведените медицински процедури потребно е да се извршуваат само во здравствени установи од приватна или јавна служба од страна на едуцирани лекари.

Овие процедури НЕ треба да се изведуваат во козметички салони и други простори, кои не се регистрирани како здравствена установа, без разлика што процедурата ја изведува лекар, стоматолог или друг здравствен работник.

Што е Естетска Хирургија?

Естетската хирургија е оперативна гранка од пластичната хирургија која се бави со корекција на естетски недостатоци и аномалии, разубавување како и подмладување на човековото лице и тело. Оваа гранка на хирургија е дел од anti-age медицината кој има и цел да го подобри изгледот на лицето и телото за да му се даде помлад и посвеж изглед.
Zdruzenie za Estetska Medicina - ZEM

Процедурите кои се опфатени во естетската хирургија вклучуваат операции на лице:

Операции на Гради

Операции на Тело

Сите процедури од областа на хирургијата треба да се извршуваат во операциона сала во строго контролирани стерилни, асептични услови и извршени од страна на квалификуван пластичен хирург.
Zdruzenie za Estetska Medicina - ZEM
mk_MK